Top Sport

Борусија Дортмунд заинтересирана за Мауро Икарди

Германскиот бундеслигаш Борусија Дортмунд е заинтересиран да го ангажира напаѓачот на Пари Сен Жермен, Мауро Икарди, објави „Скај Спортс Германија“. „Милионерите“ ова лето се разделија со Ерлинг Халанд, а како негова замена беше доведен Себастијан Але ​​од Ајакс.

Но, Але пред неколку дена се соочи со сериозен здраствен предизвик, беше информиран дека боледува од рак на тестисите и допрва ќе мора да оди на сериозно лекување. Токму поради оваа причина Борусија Дортмунд сега бара уште еден напаѓач.

Икарди веќе неколку години е дел од ПСЖ, но не се наметна во полн сјај и најчесто беше резерва. Новиот тренер Кристоф Галтие го стави на трансфер – листа и тој многу веројатно ќе го напушти Париз до крајот на летниот преоден рок. Можеби токму во Борусија Дортмунд.

Scroll to Top