Ајнтрахт Франкфурт и Борусија Менхенгладбах попладнево одиграа допадлив меч со резултат 1-1. Ремито повеќе им одговара на гостите кои се на третата позиција на табелата која носи квалификации за Лигата на шампиони.
По неколкуте шанси во првиот дел, домаќините го голот на Дени да Коста поведоа со 1-0 за радост на гледалиштето.
Борусија во вториот дел имаше повеќе од играта што резултираше со израмнување на 1-1 во 82 минута преку Закарија.