Top Sport

Во Иран не можеа да го гледаат мечот на Баерн кај Аугсбург – судеше жена

Фудбалерите на минхенски Баерн во премиерниот меч од 22 коло од Бундес лигата во петокот го совладаа на гости Аугсбург со 2-3, но гледачите во Иран немаа можност да уживаат во натпреварот. Причина за тоа е судиј(ка)ата на мечот.

Правдата на мечот ја делеше Бибијана Штајнхаус, а познато е дека во Иран важи шеријатскиот закон според кој жените мора да бидат покриени, па преносот од мечот беше изоставен.

Во Иран е забранет алкохолот, ноќен живот, танцување и музика, па нормално на тв екраните не може да се види непокриена жена.

Телевизиите во оваа азиска земја беа во центарот на вниманието и минатата недела кога бил користен стариот грб на Манчестер Јунајтед, оној од 1972 година затоа што на него има ѓавол, што за Иранците е сатански симбол.

Scroll to Top