Борусија Дортмунд продолжи со раното летно купување, откако го потврди Јулијан Брант од Баер Леверкузен за 25 милиони евра, ставајќи крај на шпекулациите дека 23-годишниот фудбалер од средниот ред ќе замине во Ливерпул или Тотенхем.
Брант е второто засилување за Борусија денеска, откако претходно тие потврдија дека Торген Азар, братот на ѕвездата на Челси, доаѓа на „Вестфален“ и само еден ден откако Нико Шулц направи трансфер од Хофенхајм.
„Јас сум личност која честопати ги носи одлуките од инстинкт и за кого доброто чувство е најважното. Со Борусија Дортмунд, имам многу добро чувство. Најважната причина за трансферот е тоа што БВБ за малку ја пропуштија титулата минатата сезона и има голема надеж за новата сезона“, вели Брант.
Брант покрај над 200 настапи за Леверкузен има и 24 настапи за германската репрезентација и беше дел од тимот кој во 2017 го освои Купот на конфедерации и во тимот на СП во Русија минатата година.
? Die ersten Aussagen von @JulianBrandt in ??!
? #WirHabenBRANDT ? pic.twitter.com/tvsYVpF4G2
— Borussia Dortmund (@BVB) May 22, 2019