Top Sport

(Видео) Борусија не се предава – „шестка“ за Волфсбург

Борусија Дортмунд не е подготвена да се откаже од борбата за титулата во Бундеслигата, покажувајќи го тоа со супериорната 5:0 победа над Волфсбург за на три кола пред крајот да се доближат на само еден поен зад Баерн Минхен и поправајќи се за „киксот“ – 0:0 ремито со Бохум во претходното коло.

Гол-шоуто на „Сигнал Идуна парк“ го започна Карим Адејеми – прво со гол во 14. минута, за во 28. минута да му асистира на Себастиен Але за 2:0, а веќе во 37. минута, Донјел Мален да зголеми на 3:0.

Џуд Белингем во 54. минута зголеми на 4:0, за само пет минути подоцна, Адејеми и по вторпат да се запише во листата на стрелците, овојпат на асистенција на Але. Во 65. минута, Адејеми доби шанса да го комплетира хет-трикот кога беше досуден пенал, но неговиот обид помина покрај голот. Белингем во 87. минута уште повеќе ја зголеми мизеријата на гостите.

Scroll to Top