Top Sport

Борусија потврди: Штегер на местото на Бос

Борусија Дортмунд официјално потврди дека го отпушти тренерот Петер Бос по катастрофалната низа на резултати и на негово место го донесе Петер Штегер, кој минатата недела доби отказ од Келн.

Според Борусија, Штегер, заедно со помошниците тренери Манфред Шмид и Јерг Хајнрих имаат договори до јуни 2018 година, што значи дека ќе мораат да направат пресврт во формата на тимот за да добијат шанса и за следната сезона.

54-годишниот Холанѓанец Бос пристигна во текот на летото како долгорочна замена за Томас Тухел, откако имаше одличен успех со Ајакс и стигна до финалето на Лигата на Европа минатата сезона. Меѓутоа, по одличниот старт на сезоната, Борусија влезе во криза и во саботата загуби со 2:1 од Вердер, со што остана на седмото место на табелата со 13 поени помалку од Баерн Минхен. Ова беше најлошата низа на БВБ во последните 17 години – без победа во осум меча од Бундеслигата.

51-годишниот Штегер пак, четири сезони работеше со Келн, помагајќи минатата сезона првпат да се квалификуваат за Европа по 25 години.

Билд: Петер Бос веќе не е тренер на Борусија

Scroll to Top