Top Sport

Себичните Федерер и Надал молчат за воздухот во Мелбурн

Канадскиот тенисер Брејден Шнур ги нарече Роџер Федерер и Рафаел Надал „себични“ луѓе кои повеќе мислат за своите трофеи отколку за безбедноста на тенисерите, откако втор ден едноподруго квалификациите за Австралија опен беа прекинати поради катастрофалниот квалитет на воздухот во Мелбурн.

Шнур, кој е 103. на АТП листата и трет носител на квалификацискиот турнир во Мелбурн, по победата над Австриецот Себастијан Офнер вели дека најголемите ѕвезди на тенисот мораат да застанат зад своите понискорангирани ривали.

„Тоа мора да дојде од врвните момци – Роџер и Рафа се помалку себични и мислат само на себе и на своите кариери. Бидејќи се при крај на кариерите мислат што ќе остават зад себе, но не за спортот и за тоа што е добро за тенисерите. Тие мораат да го кренат гласот. Не се игра на овие терени. Чувствувате сувост во грлото и тоа не е нормално, посебно за тие кои имаат астма“, вели Шнур.

И денеска имаше проблеми со квалитетот на воздухот, откако организаторите беа приморани да направат пауза од три часа. Германецот Дастин Браун мораше да побара медицинска помош при поразот од Денис Новак по што одби да зборува со новинарите, откако во вторникот Словенката Далила Јакуповиќ се повлече во солзи откако не можеше да го контролира кашлањето.

Организаторите на Австралија опен се надеваат дека ќе ги завршат квалификациите до понеделник иако досега се комплетирани само 15 меча.

Хаос на Австралија опен поради ужасниот воздух во Мелбурн

Scroll to Top