Фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина останува без селектор поради несогласувањата на „национална“ база во Извршниот одбор на фудбалскиот сојуз на земјата, јавуваат босанските медиуми.
Главни кандидати за селектор се бугарскиот стручњак Ивајло Петев и поранешниот капитен на репрезентацијата, Сергеј Барбарез – за Петев се српските и хрватските членови на ИО, додека за Барбарез се бошњачките.
Од 15 членови на ИО, потребна е двотретинско мнозинство за да се избере селектор, но претседателот на сојузот, Елведин Беговиќ и бошњачките членови не сакаа да учествуваат во работата на стручната комисија која требаше да го предложи кандидатот. Комисијата, без Бошњаците го избра Петев како кандидат и сега утре следува нов состанок.