Јапонскиот ветеран Кеисуке Хонда потпиша договор со бразилскиот клуб Ботафого, откако претходно изјави дека треба да му обезбедат „блиндирано“ возило поради насилството во бразилските градови.
33-годишиот поранешен фудбалер на Милан си замина од холандскиот Витесе во декември, каде што остана помалку од два месеци и одигра четири меча. Клубот го потврди неговото доаѓање со интересна анимација.
Ботафого и во минатото собираше фудбалери на крајот на кариерата – Кларенс Сидорф играше 18 месеци во Бразил постигнувајќи 24 гола во 81 меча.
New Game! #HondaChegou ??⭐️?? pic.twitter.com/et3ecitGq1
— Botafogo F.R. (@Botafogo) January 31, 2020