Top Sport

Сефте за Валенсија во Ла Лига (Видео)

Валенсија забележа победа во Сан Себастијан 1:0, во првиот натпревар од седмото коло во Примера. Триумфот над Реал Сосиедад е прв оваа сезона за екипата на Валенсија.

Играчите на тренерот Гарсија Торал до трите бода стигнаа благодарение на голот што во 36.минута го постигна Кевин Гамеиро. Ова беше прв гол за Гамеиро по летниот трансфер од Атлетико Мадрид.

Домашниот тим се обиде во второто полувреме да стигне до израмнување, а најголемата шанса ја имаше во 65.минута, меѓутоа Нето го одбрани пеналот на Вилијан Жозе.

Scroll to Top