Top Sport

Брахим Диаз уште две години на позајмица во Милан

Калчолигашот Милан потврди дека Брахим Диаз се врати во клубот на двегодишна позајмица со право на откуп по нејзиното истекување. Диаз и минатата сезона ја помина на „Сан Сиро“ како позајмен играч од Реал Мадрид, а сега повторно е договорена позајмица, и тоа двојно подолга.

„Пресреќни сме што можеме да објавиме дека го доведовме Брахим Абделкадер Диаз на двегодишна позајмица. Овој играч со Милан со договор ќе биде врзан до 2023 година. Брахим, откако минатата сезона постигна 7 гола на 39 натпревари, ќе продолжи да го носи дресот со број 10“ се вели во соопштението на „Росонерите“.

Диаз е еден од играчите кои ги одиграа речиси сите мечеви во „црно-црвениот“ дрес во минатата сезона во која Милан заврши на втората позиција во Серија А, а сега тој ќе добие можност за ново докажување.

Scroll to Top