Милан му се приклучи на градскиот ривал Интер на врвот на табелата во Серија А, откако стигнаа до тешка 2:0 победа над новиот прволигаш Венеција на „Сан Сиро“.
Брахим Дијаз, кој е во Милан како позајмен фудбалер од Реал Мадрид, во 68. минута по одличната акција и по асистенцијата на Тео Ернандез, успеа да го постигне првиот гол на мечот, пред Ернандез во 82. минута да зголеми на 2:0 за четврта победа во пет кола за тимот на Стефано Пиоли. Брахим има три гола и една асистенција во првите шест меча за Милан оваа сезона.
На Сардинија пак, продолжија со лошите игри – Каљари загуби со 0:2 од Емполи за да остане на претпоследното место на табелата во италијанскиот шампионат.
СЕРИЈА А, 5.КОЛО
Милан – Венеција 2:0
Каљари – Емполи 0:2
Standings provided by SofaScore LiveScore