Top Sport

Рубљов е прв финалист на турнирот во Монте Карло

Рускиот тенисер Андреј Рубљов е првиот финалист на турнирот во Монте Карло. Тој во полуфиналниот дуел славеше против Американецот Тејлор Фриц со 2:1 во сетови (5:7, 6:1, 6:3).

Мечот се оддолжи поради дождот, но, сепак, донесе многу возбудувања.

Првиот сет му припадна на Тејкор Фриц со 7:5 во гемови, но потоа силно возврати Рубљов, го доби вториот сет со 6:1 во гемови.

Третиот сет беше прекинат поради дожд, а по враќањето Рубљов успеа да го добие со 6:3 и се пласира во финалето. Таму го чека подобриот од дуелот меѓу Јаник Синер и Холгер Руне кој е во тек.

Scroll to Top