Top Sport

Брајтон ја одби првата понудата за Кукуреља

Фудбалскиот клуб Брајтон ја одби понудата на Манчестер Сити од 30.000.000 фунти за левиот бек Марк Кукуреља. Брајтон за левиот бек бара 50.000.000 фунти.

Шпанецот зад себе има брилијантна сезона во Брајтон. Тој минатото лето се пресели во Премиер лигата од Хетафе. Брајтон за Кукуреља платија 18.000.000 фунти.

Пеп Гвардиола го означи Кукуреља како идеална замена за Олександр Зинченко, кој се пресели во Арсенал за 35.000.000 фунти.
„Во преговори сме. Ако ништо не се случи, имаме алтернативи. Кансело е тука, Аке може да ја покрие таа позиција, го имаме младиот талент Вилсон-Елсбранд“, изјави Гвардиола.

Кукуреља има 24 години, тој е дете на Барселона, но на „Ноу Камп“ никогаш не доби шанса да игра во првиот тим. Покрај во Хетафе, тој една сезона играше како позајмен играч во Еибар.

Scroll to Top