Top Sport

Марио Хезоња во Реал Мадрид

Она што го најавуваа медиумите, денес доби официјална потврда, Марио Хезоња го стави својот потпис на договорот со Реал Мадрид.

Пред два дена беше објавено дека Хрватот повеќе не е дел од Уникс од Казан. Реал експресно реагираа и успеаја да постигнат договор со поранешниот играч на Барселона.

Хезоња во Уникс ја одигра најдобрата сезона во кариерата. Тој одлично се вклопи во начинот на работа на тренерот Велимир Перасовиќ и со тоа го привлече интересот на најдобрите клубови во Европа.

Пред Уникс играше во Панатинаикос, а во НБА имаше епизодни улоги во Орландо, Њујорк и Портланд.

 

Scroll to Top