Брајтон се приклучи на Манчестер сити и на Шефилд јунајтед во полуфиналето на англискиот ФА куп, откако рутински со 5:0 го исфрлија најголемото изненадување во најстарото натпреварување на светот, четвртолигашот Гримзби. Последниот полуфиналист на купот ќе биде познат по мечот помеѓу Манчестер јунајтед и Фулам.
Тимот на Роберто де Ѕерби, дојде во водство уште во шестата минута од мечот со автоголот на Дениз Ундав, но потоа до крајот на полувремето не успеја да ја пробијат одбраната на противникот. Тогаш на сцена стапи тинејџерот Еван Фергусон, кој во 51. и 70. минута постигна два гола за 3:0 водство, пред Соломон Марч во 82. минута да зголеми на 4:0, а Каору Митома во 90. минута да ги постави конечните 5:0.