Иако постигнаа гол уште во првата минута, Лестер доживеаја уште еден пораз во Премиерлигата, овојпат губејќи со 5:2 од Брајтон на „Ејмекс“ во супер-интересен меч.
Келечи Ихеаначо донесе експресна предност за Лестер, но Брајтон израмни во 10. минута со автоголот на Лук Томас, за веќе во 15. минута да го направат првиот пресврт, со голот на Моисес Каиседо. Патсон Дака во 33. минута израмни за Лестер ставајќи крај на лудото прво полувреме.
Брајтон дојдоа во водство во 47. минута преку Алексис Мекалистер, но тогаш следуваше долга пауза пред ВАР да го поништи голот. Лоик Тросар во 64. минута постигна гол за 3:2, за во 71. минута, Мекалистер од пенал да зголеми на 4:2, за во 92. минута истиот фудбалер со прекрасен гол од слободен удар да ја потврди победата на Брајтон со која се искачуваат на 4. место на табелата.