Top Sport

Браќата Инсиње беа стрелци, Наполи подобар во локалното дерби

Браќата Роберто и Лоренцо Инсиње постигнаа по еден гол во „јужното“ дерби помеѓу Беневенто и Наполи, но сепак наполитанците стигнаа до 2:1 победа за да се искачат на второто место во Серија А.

Помалку познатиот брат, Роберто Инсиње по половина час игра донесе водство за тимот на Пипо Инзаги по фантастичната асистенција на Лападула, а неговиот постар брат Лоренцо во 48. минута прво ја затресе мрежата на домаќините, но голот беше поништен поради офсајд.

Во 60-тата минута, Лоренцо Инсиње постигна апсолутно неверојатен гол од огромна далечина за израмнување, за во 67. минута Андреа Петања да ги донесе трите поени за Наполи.

Парма, пак, со гол од пенал во 90-тата минута успеа некако да извлече 2:2 реми со Специја во вториот попладневен меч.

Scroll to Top