Неколку дена откако неговиот агент остро го критикуваше Ливерпул, Боби Данкан, братучедот на Стивен Џерард, потпиша тригодишен договор со Фиорентина.
Агентот на Данкан, Саиф Руби ги обвини Ливерпул дека „му го уништуваат животот“ на 18-годишниот фудбалер со одбивањето да го продадат, нешто што очигледно влијаеше „црвените“ да се согласат за трансфер вреден само 1.8 милиони фунти.
Руби тврдеше дека Данкан е „ментално злоставуван“ од страна на Ливерпул, по што клубот реагираше бурно на овие обинувања. Самиот Данкан на Твитер само напиша: „Јас само сакам да играм фудбал“. Сега, тоа ќе му се оствари во тимот на Винченцо Монтела, само што останува да се види дали тој ќе добие шанса во првиот тим на клубот од Фиренца.
Bobby Duncan has completed a permanent transfer to @acffiorentina.
Everybody at the club wishes Bobby the best of luck in his future career. https://t.co/XU1PpTfnVv
— Liverpool FC (@LFC) September 2, 2019
Ливерпул тврдат дека не го „уништиле животот“ на братучедот на Џерард