Српскиот фудбалер Дарко Брашанац заработи тешка повреда минатиот викенд, но неговиот клуб направи потег достоен за почит.
Брашанац беше заменет во првото полувреме на натпреварот помеѓу Осасуна и Елче, прегледите потврдија дека Брашанац ги скинал вкрстените лигаменти и се здобил со тешка повреда на менискусот.
Речиси сигурно сезоната е завршена за Брашанц, го чекаат неколку месеци надвор од терените и рехабилитација. Под водство на тренерот Арасате, Брашанац имаше редовно место во тимот, одигра 25 натпревари во сезоната во која му истекува договорот.
На денот кога беше потврдено дека повредата е од посериозна природа, Осасуна направи навистина фер потег и објави дека договорот со Брасанац е продолжен на уште една година. Преговорите всушност беа започнати поради повреда која значително ќе го оддалечи Србинот од можноста да најде нов клуб во текот на летото.