Top Sport

Бразил-Аргентина нема да се доигра, за исходот ќе одлучува ФИФА

Мечот помеѓу Бразил и Аргентина, дербито во квалификациите за Светското првенство во 2022 година, дефинитивно нема да се доигра, откако бразилските власти се обидоа да приведат четири члена на аргентинскиот тим за прекршување на протоколите за заштита од КОВИД-19, а за тоа дали некој ќе биде казнет, и кому ќе му припадне мечот ќе одлучува ФИФА.

Мечот на „Коринтијанс“ стадионот во Сао Пауло беше прекинат по само 8 минути игра, кога здравствените власти заедно со полицијата влегоа на терен во обид да ги приведат четирите фудбалери кои со доаѓањето од Велика Британија ги прекршиле правилата – Џовани Ло Селсо, Емилијано Мартинез, Емилијано Буендија и Серхио Ромеро.

Лионел Меси се обиде да се разбере со инспекторите, посочувајќи дека тие се во Бразил веќе три дена и дека морало да се интервенира порано.

„Важно е да се запази санитарниот протокол. Ја повикавме федералната полиција, која отиде во хотелот и таму ни беше кажано дека веќе се на стадион“, изјави Антонио Бара Торес, шефот на Бразилската здравствена регулаторна агенција.

Од Конфедерацјата на јужноамериканскиот фудбал (ЦОНМЕБОЛ) преку соопштението објавија дека за процедурите во квалификациите за СП е одговорна само ФИФА и дека ќе се изготви извештај по кој дисциплинската комисија ќе утврди кој е одговорен.

Скандал! Бразилските власти влетаа на терен да уапсат 4 аргентински фудбалери

 

Scroll to Top