Top Sport

Бразил е во исчекување: Ќе може ли повредениот Нејмар да го продолжи Светското првенство?

Бразил синоќа ја победи Србија со 2:0 и победнички го стартуваше Светското првенство, но повредата на Нејмар фрли големa сенка на триумфот. На десетина минути пред крајот бразилската ѕвезда побара замена, а потоа и се расплака на клупата за резерви.

Лекарскиот тим му укажуваше помош, а потоа стана јасно дека се работи за повреда на скочниот зглоб кој беше видно отечен. Сега цел Бразил е во исчекување дали Нејмар ќе може да продолжи да игра на Мундијалот.

Докторот на фудбалската репрезентација на Бразил, Родриго Ласмар, објави дека следните 24 часа ќе бидат клучни за да се процени степенот на повредата на Нејмар.

„Има извиткување на скочниот зглоб, има оток, па затоа ќе мораме да сочекаме околу 24 часа пред да можеме да направиме детална проценка. Повредата се случила под притисок на груб старт на противнички играче“, објасни Ласмар.

Scroll to Top