Бразилскиот селектор Тите ја соопшти листа на фудбалери кои ќе играат за „селесао“ за Копа Америка ова лето.

За домашниот турнир од 14 јуни до 7 јули, први фаворити ќе се Бразилците, и на листата од 23 играчи, зачудувачки нема место на фудбалерите на Реал Мадрид, Винисуис Жуниор и Марсело, како и за првотимецот на Ливерпул, Фабињо.

Бразил ќе има два теста пред стартот на Копа Америка, играјќи со Катар и Хондурас. Тие ги стартуваат натпреварите на Копа Америка на 14 јуни против Боливија, а во нивната група се и Венецуела и Перу.

Голмани: Алисон (Ливерпул), Едерсон (Манчестер сити), Касио (Коринтијанс)

Одбрана: Дани Алвеш (ПСЖ), Фагнер (Коринтијанс), Алекс Сандро (Јувентус), Филипе Луис (Атлетико Мадрид), Тијаго Силва (ПСЖ), Маркињос (ПСЖ), Миранда (Интер), Едер Милисао (Порто).

Среден ред: Касемиро (Реал Мадрид), Фернандињо (Манчестер сити), Артур (Барселона), Алан (Наполи), Лукас Пакуета (Милан), Филипе Кутињо (Барселона).

Напад: Евертон (Гремио), Давид Нереш (Ајакс), Ришарлисон (Евертон), Фирмино (Ливерпул), Габриел Жесус (Манчестер сити), Нејмар (ПСЖ).