Top Sport

Бразил го сака Карло Анчелоти за нов селектор

Фудбалската репрезентација на Бразил сѐ уште е без селектор откако Тите ја напушти фунцијата по разочарувањето на Светското првенство во Катар. Претседателот на федереацијата, Едналдо Родригез, на крајот од овој месец ќе замине во Мадрид и ќе се обиде да го наговори Карло Анчелоти да се нафати на предизвикот.

Сепак, претходно ќе треба да добие и дозвола за преговори со Италијанецот од претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез.

Бразил би му понудил на Карло Анчелоти десет милиони евра по сезона, еден милион повеќе од сегашниот договор со Реал Мадрид.

Анчелоти досега нема работено како селектор. Тој во блескавата тренерска кариера освои сѐ што може да се освои на клупски план, а беше тренер на Реџиана, Парма, Јувентус, Милан, Челси, ПСЖ, Реал Мадрид, Баерн Минхен, Наполи и на Евертон.

Scroll to Top