Top Sport

Хесе Родригез, засилување за нападот на Сампдорија

Поранешниот напаѓач на Реал Мадрид и Пари Сен Жермен, Хесе Родригез ќе биде ново засилување на Сампдорија. Шпанскиот офанзивец моментно се наоѓа во Џенова каде е на лекарски прегледи и се очекува да потпише договор до крајот на сезоната. Ќе има можност за продолжување на соработката доколку задоволи со своите игри, но и ако му се допаѓа животот во Џенова.

Хесе е двократен освојувач на Лигата на шампионите со Реал Мадрид, иако неговиот придонес во тие сезони не беше премногу сериозен.

По Реал Мадрид, тој изненадувачки потпиша за Пари Сен Жермен во 2016 година, но никогаш не можеше да се избори за место на стартер. Беше на неколку позајмици, како Лас Палмас, Стоук, Бетис, Спортинг Лисабон.

По истекот на договорот со „светците“, тој се најде повторно на Канарските острови, но набрзо се пресели во Турција и потпиша за Анкарагучу во 2022 година.

Scroll to Top