Top Sport

Бразил го „скрши“ Перу во последните 20 минути

Фудбалерите на Бразил, убедливо го поразија Перу со 4:0, во второто коло на Копа Америка.

Бразилскиот селектор, Тите, во однос на мечот со Венецуела, направи шест измени во стартната постава. Тоа не им беше проблем за „Кариоките“, предводени од Нејмар и Тијаго Силва да забележат убедлива победа.

Бразил, постигна еден гол во првото полувреме, преку Алекс Сандро во 12.минута. Отпорот на Перу целосно го скршија во последните 20 минути.

Нејмар во 68.минута го постига 68 гол во националниот тим. Прв на вечната листа е Пеле со 77 голови.

Во самиот финиш конечните 4:0 ги поставија Евертон Рибеиро во 89. и Ришарлисон во 93.минута.

Scroll to Top