Top Sport

Бразил и Тунис ќе играат во Париз

Фудбалските репрезентации на Бразил и Тунис на 27. септември ќе одиграат пријателски натпревар во Париз. Подготвителниот натпревар пред Светското првенство во Катар ќе започне во 20.30 часот на „Паркот на принцовите“, стадионот на Пари Сен Жермен.

Четири дена претходно Бразил во Авр ќе одигра пријателски натпревар против Гана.
Бразил на Светското првенство кое ќе се одржи од 20. ноември до 18. декември ќе игра во групата Г со Србија, Швајцарија и Камерун.

Во Катар, Тунис ќе игра во групата Д со Франција која ја брани светската титула, како и со Австралија и Данска.

Последен пат Бразил играше на „Паркот на принцовите“ на 27. јуни 1998 година, кога во осминафиналето на Светското првенство го победи Чиле со 4:1.

Scroll to Top