Top Sport

Германија ќе им плати 28 милиони евра на семејствата на олимпијците убиени во Минхен во 1972 година

Германската влада потврди дека семејствата на 11 израелски спортисти убиени од палестинските напаѓачи на Олимпијадата во Минхен во 1972 година ќе добијат отштета од 28 милиони евра.

Израелскиот претседател Исак Херцог ќе му се придружи на германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер во понеделник на комеморацијата на жртвите од нападот.

Благодарение на тој договор, постигнат во последен момент, на комеморацијата ќе присуствуваат околу 70 роднини на жртвите, изјави за францускиот печат Анки Спицер, чиј сопруг Андре Спицер беше убиен во нападот.

Израелскиот олимписки комитет посебно го потврди присуството на делегација од Израел.

До неодамна, долго планираната комеморација се закануваше да се претвори во фијаско поради спорот меѓу роднините и германската држава околу финансискиот надомест за страдањата на семејствата на жртвите.

Во средата, сепак, беше објавено „историско разјаснување, признавање и компензација“ бидејќи Германија понуди 28 милиони долари како компензација, шест пати повеќе од првично предвидените.

Со договор, Германија ја признава својата „одговорност и ужасните страдања на убиените и нивните роднини“, се вели во соопштението на Штајнмаер и Херцог, додавајќи дека не можат да се залечат сите рани.

Ожалените семејства, исто така, се надеваат дека на комеморацијата во воздухопловната база Фуерстенфелдбрук, западно од Минхен, каде што земање заложници дојде до трагичен крај, Штајнмер ќе стане првиот германски претседател кој јавно ќе ја преземе одговорноста за неуспесите што доведоа до масакрот.

Одржана три децении по Холокаустот, Олимпијадата во Минхен требаше да покаже нова Германија, а наместо тоа се создаде длабок јаз во односите со Израел.

На 5.септември 1972 година, осум вооружени членови на палестинската екстремистичка организација „Црн септември“ упаднаа во станот на израелскиот тим во Олимпиското село, убија двајца, а зпотоа зедоа девет заложници.

Поранешниот германски ракометар Клаус Лангхоф видел што се случува од балконот спроти станот во кој се наоѓал израелскиот тим.

Тој ги опиша ужасните моменти кога напаѓачите го извадиле безживотното тело на тренерот за борење Моше Вајнберг и го оставиле на улица. Западногерманската полиција не успеа да ги спаси заложниците.

Тие беа убиени во размена на оган. Убиени се и пет напаѓачи и еден полицаец.

Тогашниот канцелар на Германија, Вили Брант, целата серија настани ја означи како „шокантни докази за германската неспособност“ и формира тим командоси во рок од еден месец.

Меѓутоа само неколку недели подоцна тројцата напаѓачи кои беа фатени, беа ослободени во замена кога терористите киднапираа авион на Луфтханза во октомври 1972 година.

Scroll to Top