Top Sport

(Видео) Бразил ја декласира Боливија – Нејмар го престигна Пеле

Нејмар постигна два гола против Боливија во квалификациите за Светското првенство и стана најдобар стрелец на сите времиња на Бразил.

Нејмар ги постигна двата гола во вториот дел, а во првиот дел промаши пенал.

Со овие два гола Нејмар стигна до бројката 79 на „вечната листа“ на голови за репрезентацијата, престигнувајќи го „кралот на фудбалот“ Пеле.

Веднаш по натпреварот, Фудбалскиот сојуз на Бразил на мини-церемонија, на Нејмар му врачи плакета за ова достигнување.

Оваа бројка на голови за репрезентацијата ја достигна Нејмар во својот 125. натпревар за репрезентацијата, додека на Пеле му требаше многу помалку за да постигне 78 гола за националниот тим – 91 натпревар.

Интересно е и тоа што Пеле и понатаму е најдобар стрелец на репрезентацијата на сите времиња според статистиката на Фудбалскиот сојуз на Бразил (95 гола на 113 натпревари), но Нејмар е поуспешен ако се погледне официјалната статистика на ФИФА.

Според тоа рангирање, зад овие двајца се Роналдо (62 гола, 98 натпревари), Ромарио (55 голови, 70 натпревари), Зико (48 гола, 71 натпревар).

Покрај Нејмар, стрелци за Бразил против Боливија во Белем беа Родриго двапати и Рафиња.

Scroll to Top