Top Sport

Ингебритсен урна рекорд стар 24 години

Норвешкиот атлетичар Јакоб Ингебригстен на митингот на Дијамантската лига во Брисел го собори светскиот рекорд во трката на 2.000 метри.

Тој постави нов рекорд со време од 4:43,13 минути.

Претходниот светски рекорд го држеше Мароканецот Хашам Ел Геруж, кој во 1999 година ја истрча делницата за 4:44,79 минути.

Ингебригстен е актуелен олимписки шампион на 1.500 метри.

Трката на 2.000 метри не е дел од олимписката програма или од програмата на Светското првенство.

Scroll to Top