Top Sport

Филмска тепачка на кошаркарските селекции на Филипините и Австралија (Видео)

Жестока тепачка го обележа квалификацискиот натпревар, за пласман на Светското првенство во Кина, помеѓу кошаркарските репрезентации на Филипините и Австралија.

Како што пренесува „Фокс спорт Австралија“, во тепачката учествувале сите играчи на двете селекции. Тепачката започнала во финишот на третиот период кога удар во лицето добил Австралиецот Крис Голудинг. Потоа неговиот соиграч Даниел Кикерт со лакт удрил еден од Филипинците, што било сигнал за сите играчи да влетаат на теренот.

Откако страстите се смириле судиите исклучиле 13 кошаркари, девет Филипинци и четворица Австралици.

Потоа мечот продолжил со петмина Австралици и тројца Филипинци на теренот.

Scroll to Top