Top Sport

Бразилците им мафтаа на Аргентинците на Олимпијадата, па добија бура одговори

Фудбалското ривалство помеѓу Бразил и Аргентина е легендарно, така што не чуди што се „разгоре“ и на Олимпијадата, каде што, да признаеме не секогаш се игра најдобриот фудбал.

Аргентина испадна од олимписките игри во групата со Шпанија, Египет и Австралија, додека Бразил лесно ја помина групата, по што дел од бразилските фудбалери, предводени од Ришарлисон решија да ги провоцираат Аргентинците.

„Чао, мали браќа“, напиша Ришарлисон на својот пост.

Но, бидејќи неодамна токму Аргентина го совлада Бразил во финалето на Копа Америка сред „Маракана“, реакциите беа очекувани.

Прво Родриго де Паул, новиот фудбалер на Атлетико Мадрид, објави фотографија со Ришарлисон, а потоа се надоврзаа и Алехандро „Папу“ Гомез со порака „Прво, добро утро, а второ…“ јасно посочувајќи на Бразил. Голманот Емилијано Мартинез пак го врати поздравот… со титулата.

 

Scroll to Top