Свирежите oд трибините се главна тема во Бразил, по победата на националниот тим над Боливија (3:0) во првиот меч на Копа Америка.
На домашен терен Бразилците се фаворити за титулата, но до неа сигурно нема да стигна ако игра како против борбените Боливијци. 50 минути им требаа на „кариоките“ да го скршат отпорот на Боливија.
Кутињо постигна гол од пенал, откако претходно судијата со помош на ВАР-технолoгијата покажа на „белата точка“.
Три минути подоцна фудбалерот на Барселона постигна уште еден гол, конечниот резултат во 85 минути го постави Евертон Соареш.
Во првото полувреме лајт-мотив на мечот беа свирежите од трибините.
„Почувствувавме незадоволство. Не можете да очекувате дека ќе добите разбирање од навивачите кога вие не играте онака како што тие очекуваат. Тоа мораме да го разбереме. Кога ќе ја чувате топката во последната линија, тогаш се случува тоа. Кога напаѓате тогаш слушате аплаузи“, рекол селекторот Тите.