Top Sport

Никој не сака да биде тренер на Манчестер јунајтед

Мајкл Керик, вчера, дебитираше со победа на клупата на Манчестер јунајтед. И покрај тоа што му обезбеди место на Манчестер јунајтед во осмина-финалето, во Лигата на шампионите, јасно е дека тој е само привремено решение за менаџерската позиција. Ќе стане на функцијата до именувањето на новиот тренер.

Никој не знае кога Манчестер јунајтед ќе добие нов тренер. Сите стратези кои до сега биле контактирани го одбуле клубот.

Еден од најдобро информираните новинари во Европа, уредникот на „Билд“, Кристијан Фалк, открива кои тренери го одбиле Манчестер Јунајтед.

„Јунајтед го контактираше Роберто Манчини, тој веднаш кажа „не“. Манчини смета дека има обврска да ја однесе Италија на СП.

Се обидоа да го донесат Зинедин Зидан. Французинот им порача дека не е заинтересиран. Се очекува тој да биде селектор на Франција.

Маурисо Покетино е кандидат. За него се зборува во соблекувалната, многумина со задоволство би соработувале со него.

Клубот нема да достави понуда до Ралф Рагник, но точно е дека преговараа во 2019 година и дека никогаш не успеале да ги усогласат ставовите.

На листата се наоѓа и Брендан Роџерс. Тој има излезна клаузула доколку го побара клуб кој се натпреварува во ЛШ. Доколку стигне таква понуда, Лестер мора да го пушти.

Хулен Лопетеги, исто така е меѓу кандидатите. Негов менаџер е Жорж Мендеш, тој го застапува и Кристијано Роналдо. Мендеш и Јунајтед се во контакт.

Се очекува дека опција ќе биде и Унаи Емери. Досега со него немало никакви контакти, но се очекува тој да добие понуда“.

Покрај наведените, во комбинација влегува и поранешниот тренер на Атлетик Билбао и Барселона, Ернесто Валверде.

Scroll to Top