Top Sport

Бразилски шок за Тотенхем – Њукасл си замина со цел плен од Лондон, „волците“ со драматично реми (видео)

Минатогодишниот финалист од Лигата на шампионите, Тотенхем го доживеа првиот пораз во новата сезона, откако Њукасл стигна до импресивна 1:0 победа во Лондон благодарение на бразилскиот напаѓач, Жоелинтон.

Користејќи ја грешката на одбраната на Тотенхем, Жоелинтон во 27. минута се најде во ситуација за гол и не згреши, совладувајќи го Иго Лорис. Тотенхем имаа над 70 отсто од поседот на топката, доминирајќи во играта, но не успеаја да го најдат патот до голот на Дубравка.

И во вториот попладневен меч од Премиер лигата гостите за малку ќе си заминеа со три поени, но Вулверхемптон постигнаа гол во 95. минута од пенал за 1:1 реми со Барнли.

Scroll to Top