Top Sport

Лудак! Михајловиќ излезе од болница, ќе биде на мечот со Верона?

Италијанските медиуми јавуваат за неверојатна приказна, откако тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ излегол од болница (каде што се лекува од леукемија) за да биде на клупата на својот клуб за мечот со Верона вечерва.

Според „Ла газета дело спорт“, 50-годишниот српски стратег си заминал од клиниката во Болоња првпат по шест недели хемотерапија, откако претходно го водеше својот тим преку видео-линкови.

Очигледно, тоа не е доволно за Михајловиќ, кој сака да биде присутен на првиот меч од новата сезона во Серија А, што може да носи голем ризик, бидејќи хемотерапијата го остава имунитетниот систем на човекот во драстично ослабена положба.

Scroll to Top