Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро тврди дека не му бил дозволен влез на фудбалскиот меч Сантос-Гремио во неделата бидејќи не бил вакциниран за КОВИД-19.
Болсонаро, кој е на одмор во Сао Пауло и претходно доби казна за неносење маска во јавност, вели дека нема потреба да е вакциниран.
„Зошто би имал пасош за вакцини? Само сакав да го гледам мечот на Сантос и ми кажаа дека морам да бидам вакциниран. Зошто? Имам повеќе антитела од тие кои се вакцинирале“, вели Болсонаро.
Во Бразил од неодамна фудбалските фанови можат да присуствуваат на стадионите, но повеќе клубови и федерални покраини бараат да се исполнети одредени услови. Сантос за мечевите на „Вила Белмиро“ ги пушта само гледачите кои имаат целосна КОВИД-19 вакцинација.