Top Sport

Бразилскиот Роналдо го фали португалскиот Роналдо

Бразилската фудбалска легенда Роналдо го пофали Кристијано Роналдо како „неверојатен“, и го опиша голот со ножички кој Португалецот го постигна против Јувентус како „нешто неверојатно“.

Поранешната ѕвезда на Реал, Роналдо даде интервју за „АС“ пред вториот меч од полуфиналето на ЛШ против Баерн Минхен и верува дека неговиот поранешен тим ќе влезе во финалето, најмногу благодарение на фантастичната форма на другиот Роналдо во ЛШ – тој постигна 15 голови во 10 од 11-те меча во ЛШ.

„Тоа што тој го прави е навстина неверојатно. Игра помалку топки од порано, но сега подобро ги решавам мечевите. Кога натпреварот ќе стане грд, се појавува тој. Голот со ножички против Јувентус беше нешто посебно. Јас не сум се обидел да дадам таков гол“, вели Роналдо.

Тој беше запрашан и за неизбежната шпекулација дека неговиот сонародник Нејмар може да стане следна ѕвезда во Мадрид, но Роналдо не гледа дека таков трансфер ќе се оствари.

„Слушнав многу шпекулации дека Нејмар ќе заврши во Реал Мадрид, но мислам дека тоа е многу тешко да се оствари. Тој само што потпиша за ПСЖ за многу пари. За ПСЖ парите нема да се проблем, така што дури и Реал да понуди висока цена, не верувам дека ќе се откажат така лесно. Во моментов тоа изгледа невозможно, иако тој е многу млад“, додава Роналдо.

Scroll to Top