Ирскиот претставник Шамрок Роверс е ривалот на македонскиот првак Шкупи во третото квалификациско коло во Лигата на Европа. Во пресрет на утрешниот дуел кој е закажан за 21 часот, тренерот на Шамрок, Стивен Бредли, потенцира дека Шкупи е одличен тим.
„Ќе си имаме работа со многу опасен тим. Тие се одлични, гледав што можат да направат против Динамо Загреб. Се носеа со нив, беа рамноправни, само нијанси решаваа дали Динамо ќе усоее да ја потврди фаворитската улога. Сепа, ние сме оптимисти, ќе се обидеме да наметнеме наша игра и веруваме во победа“, изјави Стивен Бредли.
Натпреварот е закажан за утревечер, со почеток во 21 часот, на „Талахт стадион“ во Даблин.