Top Sport

Ренато Санчес го избра ПСЖ

Португалскиот интернационалец Ренато Санчес и неговиот досегашен клуб Лил го избраа Париз. Одличнот играч за врска Ренато ќе стане нов играч на Пари Сен Жермен во трансфер вреден 15 милиони евра, пренесуваат медиумите во Португалија.

Милан му понуди 1.000.000 евра повеќе на Лил за 24-годишниот фудбалер, но, сепак, реши желбата на Санчес да го облече дресот на „светците“. Останува фудбалерот да ги мине лекарските прегледи за да може трансферот да се официјализира.

Португалецот беше првата желба на новиот спортски директор Луис Кампос од првиот ден на летниот преоден рок. За неговото доаѓање „светците“ отворија простор со заминување на Идриса Гана Геј и на Џорџинио Вајналдум.

Геј треба да се врати во Евертон, а Вајналдум речиси сигурно ќе оди на позајмица со право на откуп во Рома.

Санчес одигра брилијантно во Франција во дресот на Лил, а сега ќе се пресели во редовите на актуелниот шампион ПСЖ.

Scroll to Top