Top Sport

Брегалница подобра од Академија Пандев, Силекс го победи Работнички

Брегалница го победи тимот на Академија Пандев со 1:2 на гости и триумфално ја отвори сезоната во Првата фудбалска лига. Силекс по враќањето во елитата триумфираше против Работнички со 2:0.

Јоковиќ во 16. минута донесе водство за Академија Пандев на дуелот во Струмица, но Брегалница направи комплетен пресврт во вториот дел.

Дарко Додев постигна прекрасен гол во 57.минута и израмни на 1:1, а Александар Ристевски пет минути подоцна уште еднаш ја затресе мрежата на домаќинот.

Силекс во Кратово го победи Работнички со 2:0. Арсим Љамалари го отвори резултатот со удар со глава во 58.минута, а Филип Стојчевски од пенал го постави конечниот епилог во судиското продолжение од натпреварот.

 

Вчера, Струга ТЛ ја совлада Победа со 3:0.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');