Англискиот првак Манчестер Сити успешно ја стартуваше одбраната на титулата во Премиерлигата. Успешно деби имаше Ерлинг Халанд, кој покажа дека е фантастично засилување постигувајќи ги двата гола за Манчестер Сити во победата од 0:2 на гости против Вест Хем.
Халанд во 36.минута изнуди пенал, а потоа и го претвори во погодок. Во 65.минута Норвежанецот успеа да погоди и по асистенцијата на Кевин де Бруин.