Македонскиот прволигаш Брегалница се засили со младинскиот репрезентативец Иван Николов. Тој се враќа во Брегалница откако минатата сезона беше член на Вардар.
Николов, кој е играч од средниот ред, потекнува од фудбалската школа на Брегалница, а дел од својата досегашна кариера мина и во редовите на Академија Пандев.
Низ досегашниот преоден рок Брегалница претходно се засили и со досегашниот фудбалер од средниот ред на Академија Пандев, Адис Хаџановиќ од БиХ, Белгиецот Фајсел Касми, поранешниот македонски репрезентативец Горан Силјановски, долгогодишниот капитен на Борец, фудбалерот од средниот ред Ѓорѓи Ѓорѓиев, дефанзивецот Александер Борха Кордоба, централниот дефанзивец Александар Ристевски како и црногорскиот голман Немања Шчекиќ.