Top Sport

Брејтвајт: Ако фудбалот е религија, тогаш Меси е Бог!

Најновиот фудбалер на Барселона, Мартин Брејтвајт го нарече својот соиграч Лионел Меси „фудбалски Бог“, посочувајќи дека никој не може да го прави тоа што го прави Аргентинецот на фудбалскиот терен.

Брејтвајт беше изненадувачко засилување за Барселона по трансферот од 18 милиони евра од Леганес на 20 февруари како „итна замена“ за повредените Луис Суарез и Усман Дембеле. Барселона беа критикувани за изборот на данскиот репрезентативец поради неговото неискуство, но тој беше солиден како замена при 5:0 победата над Еибар, во која Меси постигна четири гола.

Брејтвајт изјави дека „нема да го мие дресот“ по гушкањето од Меси, а сега пред неделното „Ел класико“ против Реал Мадрид има уште пофални зборови за соиграчот.

„Никој не го прави тоа што го прави тој. Ако фудбалот е религија, Меси е Бог! Тој го контролира мечот од почеток до крај. Сега, веднаш одиме на Реал Мадрид и едвај го чекам тоа искуство. Тоа е најважниот меч на светот и сите го следат. Имам многу да добијам од овој меч“, вели Брејтвајт

Scroll to Top