Top Sport

Брејтвајт бара 5.000.000 евра за да ја напушти Барселона

Фудбалерот на Барселона, данскиот репрезентативец Мартин Брејтвајт побарал 5.000.000 евра за предвреме да го раскине договорот. Данецот е вишок во Барселона, не беше со тимот на претсезонската турнеја низ САД, ниту пак настапи на првите два натпревари од новата сезона во шпанската Ла Лига.

Данскиот фудбалер сака да ја продолжи кариерата во Мајорка, но од Барселона бара отштета од пет милиони евра, за да се откаже од преостанатите две години од договорот.

Брејтвајт пристигна во Барселона во 2020 година од Леганес за 18.000.000 евра, а за каталонскиот клуб одигра 58 натпревари и постигна 10 голови.

Барселона и претходно сакаше да го продаде Брејтвајт, но тој не сакаше да го напушти тимот од „Ноу Камп“.

Каталонскиот клуб мора да продаде неколку играчи до крајот на преодниот рок за да ја стабилизира финансиската состојба.

Данецот е еден од најбогатите фудбалери во светот, бидејќи тој и неговиот вујко поседуваат компанија за недвижнини во САД, чија вредност моментално се проценува на 250.000.000 долари.

Scroll to Top