Top Sport

Рекорден број навивачи ги гледаа Јокиќ и Адетокумбо

Кошаркарите на Србија ја совладаа Грција со 100:94 во Белградската арена по продолженија од првото коло од групата И од квалификациите за СП 2023 година.

Спектакуларниот натпревар, во кој доминираа НБА ѕвездите Никола Јокиќ и Јанис Адетокумбо го следеа 19.150 гледачи, што е рекорд по посетеност на европските квалификации за Светското првенство, потврдија од ФИБА.

Актуелниот и двократен МВП на најсилната кошаркарска лига во светот, Никола Јокиќ, постигна 29 поени, со осум скока и шест асистенции. Јанис Адетокумбо, играчот кој беше МВП на НБА во сезоните 2018/201 и 2019/2020 година, натпреварот го заврши со 40 поени, осум скока и пет асистенции.

 

Scroll to Top