Бразилскиот стопер Глеисон Бремер ќе стане нов играч на Јувентус, пренесуваат релевантните италијански медиуми. Еден од најдобрите дефанзивци во Серија А во изминатите две години ќе остане во градот Торино, но ќе стекне непријатели кај поддржувачите на неговиот поранешен клуб, со оглед дека ќе се пресели во локалниот ривал Јувентус.
Бремер имаше преговори со Интер и беше на чекор од потпис, но раководните луѓе на Јувентус ја засилиле понудата откако стана јасно дека Матијс де Лихт ќе направи трансфер во Баерн Минхен.
„Старата дама“ ќе заработи 80 милиони евра од трансферот на Де Лихт, а половина од нив ќе вложи во ангажманот на Бремер.