Top Sport

Брендан Роџерс го прележал корона вирусот: Како да се искачив на Килиманџаро

Менаџерот на Лестер, Брендан Роџерс откри дека го прележал корона вирусот и ги спореди симптомите со искачување на Килиманџаро, највисоката планина во Африка.

„Јас и мојата сопруга го фативме вирусот веднаш откако се прекина сезоната. Една недела подоцна навистина почнав да страдам, немав чувство за мирис и за вкус. Немав ниту малку сила, а истото беше и со мојата сопруга. Бевме на тестирање и бевме позитивни. Едевај одев. Ме потсети на искачувањето на Килиманџаро, како што одиш повисоко, повеќе губиш здив. Да одиш 10 метри беше проблем. Пробав да трчам и едноставно не можев. Бев многу слаб, немав апетит и имав чудно чувство три недели без вкус“, вели Роџерс за „Би-би-си“.

Роџерс на 20 мај се врати на тренинзите со Лестер сити, пред најавеното рестартирање на Премиер лигата на 19 јуни.

Scroll to Top