Top Sport

Лудата физичка трансформација на Леон Горецка

Дел од фудбалските тренери се плашеа од тоа нивните фудбалери нема да се придржуваат кон напорната работа на физичката подготвеност поради карантинот предизвикан од корона вирусот, но првиот човек на Баерн Минхен, Ханси Флик сигурно не е загрижен за формата на Леон Горецка.

25-годишниот Горецка, очигледно, изолацијата ја сфати многу сериозно, појавувајќи се со огромни мускули при враќањето на Бундеслигата, која веќе одигра три меча.

Горецка секогаш бил одлично физички подготвен, но додека беше фудбалер на Шалке и на стартот на кариерата со Баерн се забележуваше дека беше доста слаб. Фановите едноставно не можат да веруваат на трансформацијата.

Scroll to Top