Top Sport

Милан на чекор до скудетото – Леао и Тео ја „решија“ Аталанта

Милан со 2:0 ја совлада Аталанта на преполниот „Сан Сиро“ за да дојде на чекор до скудетото во претпоследното коло на италијанската Серија А, благодарение на два фанастични голови на Рафаел Леао и Тео Ернандез, прекинувајќи ја лошата низа против клубот од Бергамо.

Со победата, „росонерите“ дојдоа на пет поени пред градскиот ривал Интер со само уште еден меч до крајот на сезоната, додека „нераѕурите“ вечерва мораат да победат на Сардинија против Каљари за да ги заддржат математичките шанси за титула.

Тешкиот противник беше совладан со два фантастични голови во второто полувреме. Во 56. минута, Жуниор Месијас одлично го пронаје Рафаел Леао, кој со прекрасна акција и контрола на топката ги донесе домаќините во водство. Трите поени беа потврдени во 75. минута, кога Тео Ернандез со соло акција ја потврди добрата игра на тимот на Стефано Пиоли.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top